Утрински Весник
Македонија

Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Venko Filipche Tetovo.jpeg

„Партијата мора да ги штити членовите и да ги вреднува сите подеднакво. Не смее да се дозволат привилегии на поединци на сметка на запоставување на мнозинството. Недозволиво е мал број луѓе да го окупираат времето на цело раководство и затоа ќе направиме систем во кој секој ќе може да има пристап и глас. Ова доликува на демократска партија која е свесна дека кредибилитетот го добива пред сè од своите членови”, истакна д-р Венко Филипче при вчерашната посета на општинските организации на СДСМ во Тетово и Гостивар во рамки на неговото претставување пред членството на партијата како кандидат за претседател на СДСМ.

Филипче уште еднаш се заложи дека професионализмот и посветеноста ќе бидат единствен критериум за напредување во партиските структури со што СДСМ ќе се професионализира и ќе функционира како ефикасна организација.

„Професионалноста, трудот и посветеноста на секој член на раководството и телата на СДСМ ќе биде прв критериум за избор на кадрите. СДСМ мора да се професионализира до мера да функционира како ефикасна организација каде секој знае што работи и какви одговорности има. Како претседател ќе се потпирам на вистински професионалци, посветени социјалдемократи кои се спремни во две смени да работат во партијата, а јас лично ќе водам со пример”, рече Филипче.

Тој денеска ја продолжува својата кампањата и средбите со членовите на СДСМ во Битола и битолско.

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче