Утрински Весник
Економија

Филипче: Поднесовме над 200 амандмани за Буџетот, со конкретни решенија за подобрување на фискалните политики

Venkogovornica Scaled.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да гласа за ваков буџет. Затоа, како одговорна опозиција поднесовме повеќе од 200 амандмани. Нудиме конкретни решенија за подобрување на клучните фискални политики“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

Тој додаде дека неговата партија предлага зголемување на платите во јавниот сектор, особено во образованието, полицијата и на пожарникарите.

„Конкретно, во Министерството за внатрешни работи предлагаме покачување на платите за 20%, како и распределба на пари за набавка на напредни технолошки средства за зголемување на безбедноста на граѓаните“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека амандманите кои ги поднеле, а кои се однесуваат на буџетот за Министерството за здравство, имаат цел значително да ја подобрат медицинската инфраструктура и услугите, а вклучуваат набавка на нова медицинската опрема, зајакнување на капацитетите на Итната медицинска помош, едукација и доусовршување на лекари и медицински персонал.

„Амандманите што ги предлагаме во делот на буџетот што се однесува на областите енергетика и животната средина имаат за цел да поттикнат еколошки и одржлив развој преку подобрување на енергетската инфраструктура и енергетската ефикасност, како и намалување на загадувањето“ рече Филипче.

Можете да прочитате

Владата ќе донира 100 возила за Македонска пошта, најавени и законски измени

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година

СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ