Утрински Весник
Македонија

Филипче: Односите меѓу Заев и Ковачевски се одлични

88303ef3 D65a 4595 9a36 Ae451d9be365.jpg
Ss2

„Ние како Фондација Заев и јас како одговорен за делот на јавно здравство помагаме да се едуцираат млади лекари, помагаме да се купи опрема и материјали таму каде што има потреба и каде што можеме да помогнеме. И тоа е практично континутет на тоа што го правев во Министерството“ – истакна Венко Филипче. Екс министерот за прв пат после две години зборува за политиките и прашањата во здравството откако вчера беше избран да биде носител на СДСМ и коалицијата во четвртата изборна единица.

Тој истакна дека со Зоран Заев делат исти вредности и преку фондацијата практично ја продолжува мисијата да им се помогне на луѓето. На прашањето какви се односите помеѓу Заев и Ковачевски, Филипче рече дека односите се одлични.

Ss1

„Ако мислите на тие информации кои што излегуваа во јавност во изминатиот период, дозволете да кажам дека се во сферата на целосни шпекулации, дека тие имаат одлична релација, одлична соработка и дека апсолутно нема никакви проблеми во нивните релации“ – рече Филипче.

Ss1

Можете да прочитате

Приведени двајца крадци од Србија кои „оперирале“ во Скопје

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители од 2001 кои никогаш нема да бидат заборавени