Утрински Весник
Македонија

Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Bitola5.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата.

„Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста”, рече Филипче.


Но, не само во економскиот дел, со ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Филипче, државата назадува и политички.

„Мицкоски не ја носи државата напред туку ја влече назад. Во конфликти, во реваншизам, во поделби. И секогаш кога е соочен со критика заради својата неспособност вината е кај некој друг. Ова е политички кукавичлук”, рече Филипче.

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека 19 октомври е повик за враќање на нормалноста.

„На 19 октовмри одговорот е кај народот. Одговорот сте вие. Одговорот ќе дојде од секоја врата, од секое маало, од секое семејство кое веќе знае: доста беше. Време е за враќање на нормалноста. Време е за политика што носи резултати, не изговори. Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе”, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени