Утрински Весник
Економија

Филипче: Новите цени на горивата ќе предизвикаат и нов бран поскапувања

Filipce venko sdsm 3.jpeg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека новото покачување на цените на горивата ќе предизвика дополнителен бран на поскапувања, потенцирајќи дека Владата нема капацитет, ниту е способна да се справи со растот на цените и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

„Од оваа Влада, граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија како да ги решат секојдневните, сè поголеми проблеми на граѓаните и на државата. Стагнира економијата, опаѓа животниот стандард, цените растат. Сега имаме ново покачување на цените на горивата и ова ќе донесе дополнително активирање на спиралата на поскапување насекаде. Видовме дека Владата изминатиот период не се справи со ова, ниту пак направи некој чекор да се обиде да го спречи растот на цените. Европскиот пат е блокиран, очигледно многу добро смислено, многу одамна, не сега, едноставно немаат одговор на ниту едно суштинско прашање, а најмалку како да им излезат во пресрет на граѓаните кои се соочуваат со нови поскапувања”, рече Филипче.


Можете да прочитате

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Мицкоски: Очекуваме да продолжи растот на БДП и да изнесува помеѓу 3,5 и 4 отсто, ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните

Инвестициски циклус низ Македонија: 1.200 проекти во 80 општини