Утрински Весник
Македонија

Филипче: Наместо горда, Македонија стана држава во хаос

Img 6941.jpeg

„Состојбата апсолутно излегува од контрола,“ реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Фејсбук поради серијата пожари кои ја потресуваат државата и главниот град.

Во изминатите денови, Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа: „За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,“ предупреди Филипче, нагласувајќи дека главниот град дише канцерогени материи, а институциите се потполно нефункционални.


„Скопјани се трујат во канцерогени материи,“ истакна тој, по новиот пожар во фабриката за акумулатори во Трубарево. Филипче потенцира дека не се работи за изолирани инциденти, туку за опасен системски хаос.

„Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре,“ напиша Филипче, алудирајќи на несоодветниот одговор на власта и институционалната парализа која ја остава јавноста незаштитена и изложена.

На крајот, Филипче алармира:

„Македонија веќе е опасно место за живеење.“

Можете да прочитате

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување