Утрински Весник
Македонија

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Dr venko filipce.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.

„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат”, истакна Филипче.


Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.

„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија”, наведува Филипче во честитката.


Можете да прочитате

Јабланица ќе стане заштитено подрачје

Здравствената состојба на Панчо се подобрува: Раните на телото ќе се залечат, ама лузните на душата ќе останат за навек

Муртезани во Брисел на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц