Утрински Весник
Македонија

Филипче: Мицкоски со партиски протести сака да се бори против, наводно, паритизирано судство

Venko Filipche Sdsm.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче рече дека заканите на премиерот, Христијан Мицкоски дека ќе се случел народ на судството е порака и признание дека Мицкоски сака судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту независно судство.

„На некој начин таа изјава е оксиморон, односно со партиски протести ќе се борат против, наводно, партизирано судство. Нема поголем доказ од тоа дека крајната цел е партизација“ заклучи Филипче.


Тој рече дека е недозволиво и недемократски гневот кој граѓаните го имаат кон судството поради недостатокот на реформи изминативе три децении, да се користи за судството да се присвои, како што се обидува да направи ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ сака да стави партиска капа врз судството за да заштити некои свои неправилности и криминали, кои секој ден ги откриваме“ рече Филипче.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Мир, заедништво и почит за сите граѓани

Апел за помош: Исчезна 72-годишна жена во Скопје

Kочани го доби првото новороденче на Божик