Утрински Весник
Македонија

Филипче: Лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ достигнува нови граници

Img 0389.jpeg

Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО напиша на социјалните мрежи Филипче.

Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било.
Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните – никогаш Северна само Македонија? Мицкоски да не заборава дека тоа што денес е на најважниот политички настан во светот, а не во некој од месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ, кој тој ги бојкотираше.

Не е далеку денот кога и целосно ќе се накити со перјата во надворешната политика, исто како што тоа го прави со инвестициите кои помпезно ги најавува а се плод на работата на СДСМ.

Јавноста знае дека СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот. СДСМ е партијата која ги реализира визијата и стратегијата на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опортунистичка партија која ќе кочи се што е во интерес на граѓаните заради тесно политички интерес.

Можете да прочитате

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје: Комуналниот отпад во општина Аеродром се собира редовно

Целиот Балкан гори поради екстремно високите температури на воздухот – Погледнете ги температурите во моментов

Таравари: Нема докази дека е бебето е намерно повредено, но има дисциплински мерки