Утрински Весник
Македонија

Филипче-Ле Риголер: Евроинтеграцискиот процес мора да продолжи, Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ 

Filipche Le Rigoler 2.jpeg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. 

На средбата претседателот на СДСМ, Филипче, го информираше амбасадорот за актулените и идните политики на партијата, како и за започнатите реформски процеси за зајакнување на партијата како единствена европски оринетирана социјалдемократска партија.   

Воедно на средбата се разговараше за процесот за евроинтеграција на државата, при што претседателот Филипче посочи дека додека Владата ја предводеше СДСМ, се вложи сиот политички капацитет на полето на добрососедските односи и забрзување на евроинтеграцискиот процес. При тоа напомена дека загрижува моменталната  политика на актуелната власт во делот на евроинтеграциите. 

„Актуелната власт сè уште не претстави јасна стратегија или конкретни чекори за продолжување на евроинтеграциите, и тоа загрижува. СДСМ, пак, демонстрира јасна визија за европски напредок и останува цврсто посветена на патот кон ЕУ, со акцент на исполнувањето на преговарачката рамка и клучните реформи”,  рече претседателот Филипче. 

На средбата претседателот Филипче и амбасадорот Ле Риголер, разговараа за досегашните билатерални односи како и за можноста за продлабочување на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ