Утрински Весник
Македонија

Филипче кон ВМРО-ДПМНЕ: На чело си ја напишавте корупцијата со носење на Законот за кредит по скратена постапка

1 6 1 1.jpeg

Предлог Законот, што веќе влезе во собраниска процедура по скратена постапка и со кој Владата на ВМРО ДПМНЕ ќе ги задолжи граѓаните со 500 милиони евра кај Унгарската експорт – импорт банка е одлука без преседан, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник во Собранието , Венко Филипче, на денешата прес конференција во Собранието на Република Северна Македонија.

Во изјавата Филипченагласи дека во услови кога за прв пат државата се задолжува директно кај друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, кога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите, кога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за СДСМ недозволиво и крајно неодговорно да се носи овој закон во скратена постапка.

„Со носење на овој Закон по скратена постапка целта на Владата е јавноста и граѓаните да бидат лишени од можноста детално да слушнат што се крие зад ова задолжување. ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклчување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон. Ова јасно упатува на заклучокот дека владата има многу што да скрие во овој закон.Сите овие постапки го потврдуваат ставот кој јас лично и СДСМ го кажавме по однос на ова задолжување, а тоа е дека е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија”, изјави Филипче. 

При тоа претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека самиот предлог Закон изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници и истиот мора да биде предмет на широка јавна расправа и на прецизно утврдување на секој детал во овој договор и секој денар кој треба да го платат граѓаните како камата.  

„Во самиот закон постојат јасно видливи членови и елементи со кои се потврдува огромната корупција. Би сакале да посочиме неколку клучни точки од законот со кој се потврдува договорената корупција и бизнис со овие пари.  Најважно, ова задолжување е договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, целосно вонинституционално и во четири очи. Како што тогаш бил договорен законот, надвор од сите процедури, така и сега Владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата или анализа. Ова СДСМ го смета за скандал”, изјави Филипче.

На прес-конференцијата претседателот Филипче порача дека СДСМ кој ја води Комисијата за финансирање и буџет нема да го стави овој закон на расправа и ја повика власта  да се вразуми, да го повлече Законот и да го стави во редовна процедура. Воедно, да се организира јавна експертска дебата а законот да ги помине сите филтри. 

„Да се прецизира секој аспект на задолжувањето, да се расчистат сите дилеми и да се гарантира дека граѓанти ќе бидат заштитени. Доколку ова не го направи ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно потврдува дека има сосема други скриени намери на кои предупредивме. Еве му на Мицкоски шанса, да ја реалзира платформата која помпезно ја најави. Му подаваме рака во име на транспарентноста, правната држава, отчетноста, отвореноста. Вредности за кои тој вели дека се залага. Еве му шанса да докаже дека сака заеднички да работи во интерес на граѓаните. Срамно и недозволиво овој закон да се донесе по скратена постапка. СДСМ бара да се искористат сите механизми на Собранието за јавна расправа по овој овој закон”, изјави Филипче. 

Важно е како што рече Филипче, да се свика  расправа на која ќе учествуваат експерти и стручната јавноста за граѓаните да може да слушнат каков закон се планира и кои ќе бидат последиците од ова задолжување. 

„Ако го поминете законот вака, на чело ќе си ја напишете сами на себе за корупцијата која правите. Немате оправдување за овој начин на носење на Законот освен да ја скриете вистината и корупцијата која спремате”, потенцираше  Филипче.

Можете да прочитате

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо