Утрински Весник
Македонија

Прегазен пешак во Валандово – МВР со детали

Policija 1.jpg

67-годишен валандовец е тешко повреден откако во него удрило „ауди“.

– На 11.09.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Валандово, патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(32) од село Пирава, валандовско, удрило во пешакот Д.С.(67) од Валандово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Здравствен дом – Валандово, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат