Утрински Весник
Македонија

Филипче: Кочоска е трет министер којшто го демантира Мицкоски

Interv U Pretsedatel Venko Filipche Image 2024 10 10.jpeg

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е последниот министер во Владата кој ги демантираше изјавите на премиерот Христијан Мицкоски

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за КТВ, потенцирајќи дека Мицкоски и неговите министри испраќаат целосно дисонантни пораки. Тоа се случи во неколку наврати и е поврзано со неколку состојби во  државата, потсетува Филипче.

„Премиерот најави некаква дестабилизација, а министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави ‘Не, ситуацијата е стабилна и нема ризик од дестабилизација’. Премиерот најавуваше дека некако ќе сме ја подобреле ситуацијата во преговорите со Европската Унија, министерот Орхан Муртезани од редовите на ВЛЕН кажува дека тоа не е прифатливо во ниту една земја членка на ЕУ”, истакна Филипче.

Последна во редот со демант на мерките што како успех ги претставува Мицкоски е министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, според која мерка за ограничување на маржите нема ефект.

„Владата најави и донесе некакви мерки за замрзнување на цените. Меѓутоа, текот на настаните беше следен: Прво, ја најавија мерката, па ја повлекоа. Оставија период од седум до осум денови за согласно најавата продавачите ги прилагодат цените, а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплементираа таа мерка”, појаснува Филипче.

Од ваквиот однос, јасно е дека мерките што ги носи владата, наводно во интерес на граѓаните, немаат никаков ефект бидејќи со нив се опфатени само 70 до 80 производи, вели Филипче и додава:

„Владата на СДСМ донесе мерки во рамки на кои над 500 производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени во време на најголемите кризи”.

Филипче во интервјуто најави дека СДСМ во следните недели ќе поднесе предлог-закон за намалување на цените по механизам според кој граѓаните навистина ќе ја почувствуваат разликата и олеснувањето за нивниот буџет. Во овој закон ќе се најдат над 240 производи кои се дел од основната прехранбена кошничка. Покрај овој предлог-закон, Филипче најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе цел сет на закони.

„Ова ќе го направиме бидејќи сметаме дека владата е во една тотална конфузија и безидејност”, потенцира Филипче.

Можете да прочитате

Карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите, лекарите препорачуваат редовни прегледи и скрининг

ЕК: Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство

Значителен пад на температурата со засилен ветер