Соопштение за јавност – став на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за идејата за формирање на паралелна Академија за науки и уметности. Во пост на Фејсбук, Филипче остро реагира против ваквиот проект, нагласувајќи дека е категорично против етнички поделби во науката.
-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на “етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, вели Филипче.
Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.
-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче.
Тој изрази жалење што ВМРО-ДПМНЕ молчи за ова прашање, што според него значи одобрување на иницијативата и најави дека СДСМ ќе се спротивстави на ваквите проекти со сите механизми.
-Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува. СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект, порача претседателот на СДСМ, Венко Филпче.