Утрински Весник
Македонија

Филипче: Денеска упатувам писмо до ЕУ за стратешката саботажа на македонската интеграција 

Venko filipce.jpg

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција.

„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски”, истакна Филипче.


Тој нагласи дека станува збор за сериозен и намерен процес на блокирање на европската перспектива на државата.
„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.” рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација.

„Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа. Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае ако треба и децении.” рече Филипче.

Ваквата политика има директни последици за граѓаните и идните генерации, додаде Филипче.

„Тој сака да ги држи како заложници идните генерации, децата, сите граѓани, зошто? За да без контрола преку тендерите прават грабеж на народните пари.”

Филипче истакна дека членството во НАТО и ЕУ е суштински дел од македонскиот национален интерес.

„Македонски национален интерес е членството во НАТО и ЕУ. Затоа што во НАТО успеавме да ја обезбедиме безбедноста на земјава на нашите граници.”

На крајот, Филипче повика на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.
„Ќе се спротивставиме на овие намери… со силна партиска активност, обединување на фронтот за евроинтеграција… затоа што не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа историска шанса. Иднината на земјата е ставена под внатрешен со на влада на ВМРО-ДПМНЕ.” рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Одговорот на Мицкоски во врска со Коридорот 8 содржи многу невистини и искривувања

Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините 

Утре се одбележува на денот на првата пешадиска бригада