Утрински Весник
Македонија

Филипче да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vmro 1.jpeg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации.


Венко Филипче даваше огромна поддршка  и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата.

Дали Венко Филипче го поддржува тој став на Лимани кој без срам и образ вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија?

Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДС нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар. Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски, се во првите редови во СДС.

Особено е несфатливо што Венко Филипче држи лекции за функционирањето на здравствениот систем, имајќи предвид дека како министер за здравство имаше бројни скандали кога десетици илјади луѓе умираа од корона, а тој мислеше само на провизиите од вакцини.

Додека надлежните институции постапуваат, вршат контроли и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред носи пресуди, пласира сценарија за нови епидемии и се обидува да создаде паника кај граѓаните.

Наместо политички конструкции и обиди за манипулација, институциите треба да се остават професионално да ја завршат својата работа. Сите наоди и резултати ќе бидат соопштени транспарентно, врз основа на факти и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации.

Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички маркетинг на СДС. 

Можете да прочитате

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

Индија гледа кон Македонија – најавена соработка во вештачка интелигенција, фармација и туризам

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар