Утрински Весник
Македонија

Филипче: Целосна поддршка од коалициските партнери на СДСМ за Резолуцијата

Koalicija sdsm 1.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот состанок со коалициските партии доби целосна поддршка од нив за Резолуцијата на СДСМ за спречување на влез на мигранти од трети земји во Македонија. 

На состанокот, кој се одржа попладнево во седиштето на СДСМ, се разговараше за сериозноста на состојбата со која е соочена државата, а секој од коалициските партнери даде свое мислење.

„Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве, гледаме дека првите мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија. Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог-Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање мигранти и, секако, дадоа и свои конструктивни предлози”, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека позадината на владата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна.

„На сите им е кристално јасна позадината, ние сме решени заедно да се бориме. И ова е силна порака – кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што Резолуцијата не е партиско решение, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Наташа Крстевска Цалева назначена за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Забрчанец: На секое парче пропаганда треба да одговориме со две парчиња квалитетна содржина

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова