Утрински Весник
Свет

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

20240726201954 big 730x400 34.webp.webp

Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од Европската унија врз Русија, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо откако парламентот на земјата усвои резолуција со која се бара од владата да не поддржува никакви нови казнени мерки против Москва.

Фицо додаде дека Словачка сака да остане конструктивна во рамките на ЕУ, но во исто време рече дека резолуцијата на парламентот е политички инструмент што носи силна порака.


„Доколку има санкции што ќе ни наштетат, никогаш нема да гласам за нив“, рече тој на прес-конференција.

Словачка, членка на НАТО и ЕУ, се разиде со своите западни сојузници во врска со нејзината позиција за Украина откако Фицо и неговата левичарска националистичка коалициска влада дојдоа на власт.

Братислава престана да испорачува државна воена помош за Киев во војната со Русија.

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток