Утрински Весник
Спорт

ФФМ се разделува со Благоја Милевски, Седлоски најсериозен кандидат

493433142 1236846465107664 6540306169435731541 n.jpg

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека Благоја Милевски повеќе не ја предводи националната репрезентација. На досегашниот селектор му истече договорот, а федерацијата му се заблагодари за посветената работа и постигнатите резултати.

Милевски ја презеде репрезентацијата во 2021 година, веднаш по Европското првенство, и ја водеше до баражот за Светското првенство 2022 во Катар, каде Македонија загуби во финалето од Португалија. Пред тоа, тимот направи историски успех елиминирајќи ја Италија во Палермо.

„Искрена благодарност до Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната посветена работа, професионалната соработка и постигнатите резултати. Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, стои во објавата на ФФМ.

Се очекува во наредниот период федерацијата да назначи нов селектор, при што најсериозен кандидат е сегашниот тренер на Вардар и поранешен капитен на националниот тим, Гоце Седлоски.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи