Утрински Весник
Спорт

Фетел бара Ф1 возачите да се побунат против ФИА: Имајте храброст!

Фетел бара Ф1 возачите да се побунат против ФИА: Имајте храброст!
Ss2

Пензионираниот четирикратен Ф1 шампион, Себастијан Фетел побара возачите да се побунат против новите правила на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) со кои тие ќе мораат да добијат одобрување за да зборуваат за политички теми.

dobivaj vesti na viber

ФИА оваа сезона во обид да се држи политиката надвор од спортот, направи низа ограничувања за говори со политичка или религиозна содржина, а Фетел, кој во вториот дел од кариерата стана активист за екологијата, ЛГБТ правата и расната еднаквост вели дека возачите мора а се активираат.

Ss1

„Тоа се вистински гупости. Да бев во Формула 1 ќе имаше проблеми. Секогаш е важно кое е прашањето и темата, но мислам дека возачите сега треба да го кренат својот глас. Јас не сум вклучен во спортот повеќе, така што можам слободно да зборувам, но им посакувам на поранешните колеги храброст да застанат зад своите мислења и јасно да ги искажат“, вели Фетел во интервју за „Ауто билд“.

Ф1 сезоната почнува со зимското тестирање на 23 февруари, пред Бахреин ГП трката на 5 март.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал