Утрински Весник
Спорт

Феникс 2010 ќе се бори за првата куп титула против МЗТ Скопје

Феникс 2010 ќе се бори за првата куп титула против МЗТ Скопје

Феникс 2010 првпат во својата историја ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако во интересната полуфинална битка беа подобри од Пелистер со 86:79 (26:17, 21:27, 19:19, 20:16). Во големото финале, Феникс ќе се судри со 10-кратниот шампион МЗТ Скопје, кој претходно во првото полуфинале го елиминираше ТФТ Скопје. Финалето се игра утре во СРЦ „Кале“ со почеток од 19.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Феникс имаше подобар старт на мечот осигурувајќи предност од 26:17 по првата четвртина, разлика која се зголеми на 37:21 во втората четвртина, пред Пелистер да се врати со своја серија и да намали на 37:32. Сепак, Феникс ја оддржуваа разликата и во второто полувреме, не дозволувајќи битолскиот клуб да се доближи на помалку од пет поени разлика.

Фото: КФМ

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина