Утрински Весник
Свет

Федеров: Повеќе од 30 илјади руски војници биле убиени во јануари

Fsb Rusija.jpg

Повеќе од 30 илјади руски војници биле убиени во јануари и истото било документирано со видео, изјави Федеров, украинскиот министер за одбрана.

„По рекордните загуби регистрирани во декември, потенцијалот на непријателот е намален, но единиците со беспилотни летала успеаја да одржат високо ниво“, рече Федоров на Телеграм, додека се приближува четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Украинскиот министер додаде дека „стратешката цел е да се елиминираат 50.000 Руси месечно“.

Во декември, Федоров објави 35.000 смртни случаи во руските редови, потврдени со видео снимки.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Наредив проширување на безбедносната зона во Либан

Хемиска фабрика погодена во јужен Израел, прогласен е „инцидент со опасни материјали“

 Војната со Иран ги крева цените и се заканува со глобална рецесија