Утрински Весник
Спорт

Федерер: Сѐ што прави Ѓоковиќ е историја во тенисот, ќе го освои и Вимблдон

Федерер: Сѐ што прави Ѓоковиќ е историја во тенисот, ќе го освои и Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без загубен сет се пласираше во третото коло на Вимблдон. Неговиот некогашен голем ривал Роџер Федерер кој ја заврши кариерата, смета дека шансите за триумф на Ѓоковиќ на лондонскиот гренслем се навистина големи.

dobivaj vesti na viber

Пензионираниот швајцарски гениј осумпати го освојуваше трофејот на Вимблдон, а оваа година на Ѓоковиќ му се нуди шанса да го израмни тој рекорд.

Федерер тврди дека српскиот тенисер е голем фаворит на турнирот и додава дека би било изненадување доколку не успее да го освои.

„Имав мои моменти – пет последовни титули на Вимблдон и вкупно осум. Ако некој успее да го израмни или надмине тоа, тоа ќе биде прекрасен момент. Искрено, се надевам дека Ѓоковиќ ќе успее. Сѐ што тој прави е всушност тениска историја“, изјави Федерер.

„Како и неговата 23. гренслем титула освоена на Ролан Гарос. Неверојатно е тоа што го прави, тоа е одлична вест за тенисот во целина. Мислам дека тој е голем фаворит и би бил изненаден ако не биде годинашен победник на Вимблдон”, истакна Швајцарецот.

Ѓоковиќ досега во кариерата освои 23 гренслем титули, три повеќе од Роџер Федерер и една повеќе од Рафаел Надал.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност