Утрински Весник
Македонија

Фатени крадци од Скопје, краделе чанти од минувачи на улица

Не можел да и’ ja извлече чантата, па ја истепал – се бара притвор за велешанец поради разбојништво

Полицијата расчисти две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, сторени во Скопје минатиот месец.

dobivaj vesti na viber

„На 8 март од слобода бил лишен Љ. А. (20) од с. Батинци, Скопско. Тој се сомничи дека на 13.2.2023, на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, со употреба на сила од Н. Б. (50) од Скопје одзел чанта со лични предмети и пари. Исто така, тој се сомничи дека на 20.2.2023, на булеварот Кочо Рацин, заедно со В. А. (19) од с. Батинци, со употреба на сила од С. Д. (61) од Скопје одзеле чанта со лични предмети и пари“, велат од МВР.

Со Љ. А. бил извршен службен разговор, при што ги признал делата. Денеска, во Полициската станица Бит-пазар бил повикан и В. А., со кого исто така бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Финансиска полиција со кривична за едно лице од Струга, Буџетот го оштетил за над четири милиони денари

Левица: Седум починати за едно лето – западнонилската треска однесе рекорден број жртви, а ИЈЗ го прекина неделното информирање за епидемијата!

Денеска сончево и топло – 24info.mk