Утрински Весник
Спорт

Фабрицио Романо: Покетино од јуни го презема Челси

Фабрицио Романо: Покетино од јуни го презема Челси

Инсајдерот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека челниците на Челзи решиле кој ќе го предводи тимот во следната сезона.

dobivaj vesti na viber

Според овој извор, Маурицио Покетино во наредните денови ќе го стави својот потпис на договорот со Челзи. .

Аргентинецот ќе го преземе тимот по завршувањето на сезоната. Оваа сеозна на клупата ќе ја заврши Френк Лампард.

Покетино со себе ќе ги донесе своите помошници, односно целиот стручен штаб.

Иако ќе го преземе тимот од јуни, тој веќе направил стратегија за летниот преоден рок.

Маурицио Покетино, од лани е без работа кога доби отказ во ПСЖ. Во Премиер лигата тој се прослави како менаџер на Саутемптон и Тотенхем.

Можете да прочитате

Инфантино повторно ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Скопје и Башкими попладнево го играат единствениот натпревар

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание