Утрински Весник
Спорт

Ф1 ја одложи одлуката за буџетите на тимовите за понеделник, дали Ред бул ќе настрада?

Ф1 ја одложи одлуката за буџетите на тимовите за понеделник, дали Ред бул ќе настрада?
Ss2

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) се предомисли и не ги објави податоците за ограничениот буџет на тимовите денеска, одложувајќи ја одлуката за понеделник по огромниот број на шпекулации за тоа дали Ред бул „драстично“ го надминале буџетот што може да резултира со неверојатно одземање на титулата на Макс Ферстапен од минатата сезона.

dobivaj vesti na viber

Минатогодишното ограничување на буџетот стана главна тема во Ф1, откако Мерцедес и Ферари јавно се сомневаа дека нивните ривали од Ред бул, но и Астон Мартин го надминале буџетот од 140 милиони долари. ФИА требаше да ги додели сертификатите денеска, а со одложувањето на одлуката ќе ги зголемат шпекулациите пред Јапонското ГП овој викенд.

300x250 (7)

„Анализата на финансиските извештаи претставува долг и комплексен процес кој уште трае и ќе биде завршен со објавувањето на сертификатите на 10 октомври. Финансиските регулативи се усогласени од сите натпреварувачи и сите учествуваа позитивно и соработуваа оваа година. Како што претходно објавивме, имаше значитени неосновани шпекулации околу оваа тема, и ФИА нема да дава дополнителни информации додека не заврши процесот“, се вели во објавата на ФИА.

Ss1

Можете да прочитате

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови

Работнички израмни во полуфиналната серија со Пелистер

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024