Утрински Весник
Спорт

Фјури: Можам со Усик, Џојс или Вајлдер

Фјури: Можам со Усик, Џојс или Вајлдер

Британскиот боксер Тајсон Фјури вели дека 2023 година ќе биде најголемата година во неговата кариера. Синоќа во Лондон, Фјури по трет пат го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија со победата над Дерек Чисора.

dobivaj vesti na viber

Борбата во живо ја следеше Олександр Усик, кој е шампион во верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, а со кого 34. годишниот Фјури треба да се бори за титулата неприкосновен шампион.

„Подготвен сум и подготвен да се соочам со Усик, во Саудиска Арабија или овде во Велика Британија. Ајде на нашите навивачи да им дадеме еден, неприкосновен шампион“, изјави Фјури.

„Усик е боксер кој не е лесен за читање, вешт е и добро се движи, во одлична форма е – се радувам на предизвикот. Меѓутоа, ако од која било причина не е можна борба со него, тогаш ќе се борам со Џо Џојс на Вембли. Луѓето ме прашуваа кој од нив е потежок ривал. Мислам дека тоа е Џојс“.

Во хаосот што следеше по борбата на Фјури со Чисора, Џојс и Усик се најдоа во рингот, викаа еден кон друг, беа подготвени за тепачка.

„На ранг листата во тешка категорија се знае кој е број1. Тоа сум јас, а потоа се Усик, Џојс и Дионте Вајлдер – изберете кој било од нив, тоа ќе биде фантастично“, заклучи Фјури.

Можете да прочитате

Рубљoв: Секогаш е убаво да се тренира со Надал, но морам да признаам дека не можев да му парирам

Во Леверкузен сакаат Чаби Алонсо да добие своја улица

Олимпискиот оган запален во античка Олимпија, ќе биде во Грција до 26 април