Минатата година Европската унија забележа дефицит во стоковната размена со Кина во износ од 291 милијарда евра, што е за 27 отсто помалку од трговскиот дефицит со Кина во 2022 година, објави денеска Евростат.
Во 2023 година, Кина беше најголемиот трговски партнер на Европската унија во увозот и трет по големина во извозот, според веб-страницата на Евростат.
Минатата година Европската унија најмногу увезла телекомуникациска опрема од Кина во вредност од 56,3 милијарди евра, електрични машини и апарати за 36,5 милијарди евра и машини за автоматска обработка на податоци за 36 милијарди евра.
Во периодот меѓу 2013 и 2023 година, Европската унија постојано бележи дефицит во трговската размена со Кина и тој варира помеѓу 104 милијарди евра во 2013 година и 397 милијарди евра во 2022 година.