Утрински Весник
Свет

Европската комисија предлага искоренување на сиромаштијата во ЕУ до 2050 година

20260506132307 big 730x400 92.webp.webp

Европската комисија денеска предложи земјите од ЕУ да разговараат за стратегија за искоренување на сиромаштијата до 2050 година, обрнувајќи особено внимание на децата и постарите лица. 

Комисијата очекува мерките да го намалат бројот на Европејци кои се изложени на ризик од сиромаштија за најмалку 15 милиони до 2030 година.


Според податоците презентирани од ЕК, еден од пет возрасни Европејци и едно од четири деца денеска живеат во сиромаштија во ЕУ. 

Над половина (52 отсто) од граѓаните на ЕУ велат дека зголемувањето на трошоците за живот е нивна најголема загриженост, при што 40 отсто имаат тешкотии да најдат дом, а еден милион се бездомници. Како една од причините се наведува и тоа што од цените на куќите во ЕУ од 2013 година досега се зголемиле за 60 отсто.

Податоците покажуваат дека стапката на вработеност кај работоспособните Европејци е во просек 77 отсто, додека кај лицата со попреченост е само 55 отсто. Бројот на лица со попреченост во ЕУ е 90 милиони, при што едно од тројца од нив се изложени на ризик од сиромаштија.

Комисијата предлага земјите да преземат мерки за да обезбедат добри работни места со пристојна плата за сите работоспособни лица, како и соодветни пензии за старите лица. Според ЕК, потребни се дополнителни напори за обезбедување образование и грижа за сиромашните деца, а предлага и на нивните родители да им се помогне да најдат добри работни места.

Можете да прочитате

Сингапур воведува тепање со стап за насилниците во училиштата

Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува, во спротивно ќе следи поинтензивно бомбардирање

Русија почна со пробни лансирања ракети со нуклеарни бојни глави