Утрински Весник
Свет

Европол: Во Шпанија е уапсено лице осомничено за перење 200 милиони евра

Европол: Во Шпанија е уапсено лице осомничено за перење 200 милиони евра

Европол соопшти дека во полициска акција на југот на Шпанија е уапсен осомничен за перење 200 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Уапсеното лице имало ирско и британско државјанство и е еден од главните осомничени за перење пари во Европа.

Апсењето било извршено во понеделникот и според написите истото е резултат на меѓународна операција спроведена од шпанската цивилна гарда.

Уапсени биле и двајца негови соработници, едниот во Шпанија, а другиот во Велика Британија, се наведува во соопштението на Европол.

Можете да прочитате

Кина погуби 11 членови на семејство кое водело центри за онлајн измами

Амазон ќе затвори 16 илјади работни места

Градоначалникот на Минеаполис одбива полициска соработка во акции против имигранти