Утрински Весник
Спорт

ЕВРО2024: Англија со гол во судиското продолжение обезбеди финале

20240710230249 Big 730x400 35.webp.webp
Dik 300x250 mk

Англија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство, откако во Дортмунд ја совлада Холандија со 2-1 (1-1) и в недела во битка за титулата ќе игра против Шпанија.

Англичаните го обезбедија пласманот во финалето со пресврт и гол во самиот финиш на натпреварот во Дортмунд.

Холандија дојде во рано водство со голот на Симонс во 7 минута, а Кејн го израмни резултатот во 18 минута од пенал.

Кога се очекуваше регуларниот дел од второто полуфинале да заврши без победник, Воткинс во првата минута од судиското продолжение ѝ донесе победа на Англија и пласман во финалето.

Натпреварот за титулата на ЕВРО2024 меѓу Шпанија и Англија ќе се игра в недела на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето