Утрински Весник
Македонија

Евакуирани македонските ученици затекнати во загрозеното подрачје во Турција

Евакуирани македонските ученици затекнати во загрозеното подрачје во Турција

МНР информира дека деветте државјани на Македонија, кои беа затекнати во загрозеното подрачје (осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција), го напуштиле погоденото подрачје од земјотрес и на пат се кон Анкара.

dobivaj vesti na viber

„Во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Анкара, со две возила, учениците во текот на денот ќе пристигнат во турскиот главен град. Оттука учениците ќе бидат упатени кон Истанбул каде е обезбедено привремено сместување, сѐ до нивното заминување кон земјава кое се планира да биде во текот на утрешниот ден. Меѓу нив се и двата ученика кои беа повредени, и кои се во добра здравствена состојба и се чувствуваат добро“, соопштија од МНР.

Според последните информации, (добиени денес во 8:30 часот), во разорниот земјотрес, кој ја погоди југо-источна Турција, загинати се над 3300 турски државјани, над 20 илјади се повредени и над шест илјади згради се уништени. Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

„Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, е потенцирано во официјалното соопштение.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор