Утрински Весник
Култура

„Еуроимаж“ ќе финансира телевизиски серии во земјава

Друштвото на филмски работници: Институциите да ги испираат сите наоди за продукцијата „Банана филм“

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потребата од учество на Македонија во пилот програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на ЕУРИМАЖ и го прифати текстот на Договорот меѓу Советот на Европа и Министерството за култура на Северна Македонија за финансирање на проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“.

dobivaj vesti na viber

ЕУРИМАЖ, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за култура, е фонд за културна поддршка на Советот на Европа, којшто е основан во 1989 година и во којшто членуваат 38 држави од 46 членки на Советот на Европа, вклучително и Kанада. Фондот промовира независно снимање филмови преку обезбедување финансиска поддршка за производство на долгометражен игран, анимиран и документарен филм. Вкупниот годишен буџет на ЕУРИМАЖ за оваа намена изнесува 27 милиони евра.

Република Северна Македонија е членка на ЕУРИМАЖ од 2003 година и преку овој фонд се поддржани бројни македонски играни и документарни филмови. А со учеството на нашата држава во оваа програма, продуцентите ќе се стекнат со право директно да ги пријавуваат своите копродукциски проекти како мнозински копродуценти и во случај проектот да добие поддршка, средствата ќе се уплаќаат директно на македонскиот продуцент. Копродукциите создаваат можност за широка дистрибуција на серијата и прикажување на медиуми во други држави.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“