Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе санкции кон Иран поради трансфер на оружје, вклучително и за иранскиот министер за одбрана

2 1.webp.webp

Европската унија денеска воведе санкции против иранскиот министер за одбрана Мохамад Реза Аштиани и неколку други физички и правни лица кои ги обвинува за пренос на беспилотни летала за употреба во војната во Украина, односно за пренос на беспилотни летала и проектили за употреба во Средниот Исток и регионот на Црвеното Море.

Советот на ЕУ усвои рестриктивни мерки против шест физички лица и три субјекти поради, како што се наведува во соопштението, нивната улога во префрлањето на беспилотни летала во Русија за поддршка на војната против Украина. Мерките беа воведени и за, како што се додава, пренос на беспилотни летала или проектили на вооружени групи и субјекти кои ги поткопуваат мирот и безбедноста на Блискиот Исток и регионот на Црвеното Море или за учество во иранската програма за беспилотни летала.

Меѓу санкционираните е и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, која ЕУ ја обвинува дека е вклучена во испораката на иранско оружје, вклучувајќи беспилотни летала и проектили, за употреба од вооружени групи како Хутите и Хезболах на Блискиот Исток и регионот Црвеното Море.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и забрани за патување во ЕУ, како и забрани за обезбедување средства или економски ресурси, директно или индиректно, на или во корист на наведените физички и правни лица.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија