Утрински Весник
Свет

Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка  подготуват тужба против Германија поради давачките за извоз на гас

Gasno Postrojenje 2.webp.webp

Група земји од Централна Европа побараа од Европската комисија да и нареди на Германија да ги укине давачките за извоз на гас, тврдејќи дека тоа ја поткопува нивната енергетска безбедност.

Берлин воведе давачка за „излез“ на гасот од германската дистрибутивна мрежа за да врати барем дел од парите потрошени за набавки во периодот на високите цени.

Подготвени правни постапки против Германија

Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка тврдат дека германската давачка им отежнува да се ослободат од зависноста од рускиот гас бидејќи ја зголемува цената на увозот од други земји кои пристигнуваат преку Германија.

Затоа, Виена, Прага, Будимпешта и Братислава во заедничкиот документ ја повикаа Европската комисија „од зборови да се премине на дела“ за да се реши проблемот.

Комисијата подготви правна постапка против Германија, оценувајќи дека давачката е кршење на прописите на единствениот пазар на ЕУ, велат изворите, но сè уште не поднела тужба.

„Таксата, заедно со планираниот прекин на транзитот на руски гас преку Украина до крајот на годината, значително ќе ѝ наштети на безбедноста на снабдувањето на целиот регион на Централна и Источна Европа“, предупредија четирите земји.

Австрија и Унгарија се уште во голема мера зависат од рускиот гас. Австриската министерка за енергетика во февруари рече дека се обидуваат да го диверзифицираат снабдувањето и дека нејзиното министерство размислува да го раскине долгорочниот договор за снабдување меѓу енергетската компанија ОМВ и Русија.

Комисијата во преговори со германската влада

Германската такса се очекува да биде на дневен ред на состанокот на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ и на Комисијата, закажан за четврток во Брисел, соопштија претставници на ЕУ.

Комисијата минатата недела објави дека преговара со германската влада, откако предупреди дека давачката може да ги прекрши европските регулативи за забрана на царините во рамките на ЕУ.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена