Утрински Весник
Свет

ЕУ со 235 милиони евра помош за Сирија

Eu.webp.webp

Европската комисија денеска соопшти дека за 2025 година ќе обезбеди хуманитарна помош за Сиријците во земјата и соседните земји во износ од 235 милиони евра.

Според соопштението на Комисијата, помошта ќе вклучува храна, пристап до вода за пиење и санитарни јазли, медицинска помош и основни здравствени услуги, заштита од насилство и експлоатација, решенија за засолништа за раселените од конфликтот и распределба на готовина   за поддршка на основните потреби и образовна поддршка за децата.


Европскиот комесар за подготвеност, управување со кризи и еднаквост Адја Лабиб денеска е во посета на Сирија за да ја потврди посветеноста на ЕУ за обезбедување помош за цивилите, што е прва посета на еврокомесар на земјата по падот на поранешниот претседател Башар ал Асад.

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси