Утрински Весник
Свет

ЕУ одобри создавање фонд за одбрана вреден 150 милијарди евра

Eu.webp.webp

Европските министри денес го одобрија создавањето на фонд за одбрана во вредност од 150 милијарди евра, поради загриженост за руски напад во иднина и сомнежи за безбедносните обврски на САД кон ЕУ.

Одобрувањето од министрите беше последниот правен чекор во воспоставувањето на шемата „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), која е поддржана од заедничко задолжување на ЕУ и која ќе доделува кредити на европските земји за заеднички одбранбени проекти, пренесува Ројтерс.


Европската комисија го предложи фондот во март, бидејќи меѓу европските лидери растеше стравот и сомневањето дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да ја брани Европа во случај на напад.

Алармирани од руската инвазија на Украина, плашејќи се дека би можеле да бидат следната цел на Москва, земјите од ЕУ веќе ги зголемија трошоците за одбрана за повеќе од 30 проценти во последните три години, но лидерите на ЕУ тврдат дека тоа не е доволно.

Иницијативата SAFE има за цел да ги сруши националните бариери преку финансирање на заеднички проекти на земјите од ЕУ и силно се повикува на купување европско оружје, стремејќи се кон зајакнување на одбранбената индустрија во Европа.

Можете да прочитате

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија