Утрински Весник
Свет

ЕУ на 90 дена го паузира одговорот на царините на Трамп

Eu.webp.webp

Европската комисија одлучи да ги паузира контрамерките против американските царини за алуминиум и челик на 90 дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп во средата одлучи да ја запре примената на реципрочните царини, исто така за 90 дена.

„Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките на ЕУ кои добија силна поддршка од земјите-членки, ќе ги ставиме во мирување 90 дена“, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.


„Сакаме да им дадеме шанса на преговорите. Доколку преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе стапат на сила“, истакнува Фон дер Лајен.

Таа додава дека работата на дополнителни контрамерки продолжува и дека „сите опции остануваат на маса“.

Земјите-членки на ЕУ во средата го одобрија предлогот на Европската комисија за воведување трговски контрамерки на американските царини за алуминиум и челик.

Можете да прочитате

Шри Ланка воведе неработна среда за да заштеди гориво

Се урна скеле на градилиште во Виена, 4 лица загинаа

Висок американски функционер за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната со Иран