Утрински Весник
Македонија

ЕУ известувачот тврди: Интервјуто е старо, не ја отсликува сегашната реалност на Македонија

Img 3305.webp.webp

Известувачот за Европски парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, изјави за Канал 5 дека интервјуто од кое неделава беа пренесени негови критички ставови е снимено пред повеќе од седум недели и не ја одразува актуелната состојба.

Тој посочи дека интервјуто било дадено за бугарската редакција на Euronews на почетокот на март, а не е јасно зошто било објавено дури сега.


„Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката за моментумот на почетокот на март“, изјавил Вајц.

Во интервјуто што беше објавено во неделата, а кое го пренесоа македонските медиуми, Вајц оценил дека земјата залудно потрошила една година и дека нема напредок во реформите неопходни за членство во Европска унија.

Сега, тој вели дека е изненаден од тајмингот на објавувањето.

„Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Без малку сум изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа“, рече Вајц за Канал 5.

Според него, Северна Македонија во меѓувреме бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време до јуни да ги исполни обврските од реформската агенда.

Телевизијата најави дека целосното интервју со Вајц ќе биде емитувано утре.

Можете да прочитате

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија