Утрински Весник
Магазин

ЕУ го одобри преземањето на „Активижн“ од страна на „Мајкрософт“

ЕУ го одобри преземањето на „Активижн“ од страна на „Мајкрософт“

Регулаторите на ЕУ го одобрија обидот на технолошкиот гигант „Мајкрософт“ да ја купи американската компанија „Активижн близард“, една од најголемите производители на видеоигри, вредна 69 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа три недели откако Велика Британија го блокира договорот поради загриженоста дека ќе ѝ наштети на конкуренцијата во сферата на видеоигрите.

„Мајкрософт“ ќе треба да ги убеди регулаторите во светот дека договорот, најголем во историјата на видеоигрите, нема да им наштети на конкурентите.

Предложеното преземање ги подели глобалните регулатори.

За да може договорот да се имплементира, „Мајкрософт“ и „Активижн“ треба да добијат одобрение од регулаторните тела во Обединетото Кралство, Европската Унија и САД.

Американската федерална комисија во декември поднесе тужба за блокирање на договорот – одлуката на судија е малку веројатна пред крајот на годината, според Би-би-си.

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот