Утрински Весник
Свет

ЕУ би можела да го забрани пушењето и „вејпингот“ на отворено

20241203113750 Big 730x400 45.webp.webp

Членките на ЕУ би можеле денеска да ги заострат правилата против пушење и да ја поддржат забраната за пушење и „вејпинг“ на некои отворени простори како што се игралишта, плажи, базени и тераси во кафулињата.

Препораката за забрана на пушење и „вејпинг“ на отворено ќе биде предмет на расправа на 27 министри за здравство на состанок во Брисел.

Според дипломатски извори, препораката ќе биде усвоена и покрај политичките поделби околу тоа прашање, кои станаа видливи минатата недела кога Европскиот парламент отфрли сличен документ.

Препораката не би била обврзувачка, имајќи предвид дека здравјето е единствена одговорност на земјите-членки. По првичниот предлог на Европската комисија во септември, нацрт-документот ги повикува членките на ЕУ да ги прошират ограничувањата за цигарите за да вклучат „нови производи“ како што се загреаниот тутун и електронските цигари, кои се се попопуларни меѓу младите.

Во пракса, тоа значи дека сите форми на пушење и употреба на тутун-производи би биле забранети на базени, зоолошки градини, автобуски станици, покривни тераси на барови и тераси во ресторани.

ЕУ има за цел да го намали загадувањето од пушењето од околу 25 проценти на помалку од пет проценти до 2040 година.

Можете да прочитате

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот

Северна Кореја засега молчи за политичките превирања во Јужна Кореја

Поранешниот претседател на Јужна Кореја: Земјата е во криза