Утрински Весник
Економија

ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија

ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија

АД ЕСМ ја информира јавноста дека на отворена јавна аукција, за периодот 7-11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 1-7  часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 2-6 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

dobivaj vesti na viber

Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба, АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53.580.000 денари).

АД ЕСМ ќе продолжи и натаму да ја нуди на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка.

Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период.

За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис-секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија.

Можете да прочитате

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат

Девизните резерви 5,2 милијарди евра

ОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар: Компанијата воведува попуст од 2 денари за бензините