Утрински Весник
Свет

Ескобар: Курти има нацрт на ЗСО, но го чува во тајност

Ескобар: Курти има нацрт на ЗСО, но го чува во тајност

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави денеска дека косовскиот премиер Аљбин Курти има план за создавање Заедница на српски општини (ЗСО), но дека тој моментално се држи во тајност, пренесува „Репортери“.

dobivaj vesti na viber

Ескобар, кој од вчера престојува во Приштина, не откри дали нацрт-статутот е подготвен од Косово или од Европската Унија, но нагласи дека Курти има два дена да одговори на барањата што му ги поставија ЕУ и САД.

Тој додаде дека до петок заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Мирослав Лајчак, ќе ја информира јавноста дали има напредок или не.

„Курти и Вучиќ имаат рок до петок, бидејќи во петок Лајчак и јас им даваме одговорност на претпоставените“, додаде тој.

Ескобар наведува дека Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот од Косово, како и дека нема план Б за договорот од Охрид кој мора да се спроведе, и дека веднаш мора да почне формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Според него, ако Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и тоа, како што вели Ескобар, не може да помине без последици.

Тој посочува дека САД, ЕУ и сите меѓународни партнери се согласни дека е неопходноа нормализација на ситуацијата во Косово, предупредувајќи дека ако тоа не се случи, а односите се влошат, последиците за Приштина ќе бидат долгорочни.

Ескобар и Лајчак се во Приштина од понеделникот вечерта, каде разговараа со Курти, со претседателката на Косово Вјоса Османи, со претставници на трите најголеми опозициски партии на Косово и со Српска листа.

На двочасовната средба што европскиот и американскиот емисар ја имаа со Курти, тие му доставиле три барања, но Лајчак рече дека не се договориле за барањето за избори.

„Го презентиравме предлогот пртстаен пред меѓународната заедница кој содржи три точки. Првата е деескалација, втората е нови брзи избори и третата е враќање на дијалогот. Имавме долга, искрена и тешка дискусија со премиерот за овие точки. Да постигневме договор [за изборите], ќе го кажев тоа“, изјави Лајчак сношти.

Можете да прочитате

Иран го информираше САД дека не бара „ескалација на тензиите“

Што е сеење облаци и дали тоа ја предизвика поплавата во Дубаи

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путинземјотрес