Утрински Весник
Балкан

Ескобар: Имаме проблем со комуникацијата со Курти

Eskobar.jpg

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека САД имаат проблем во комуникацијата со премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, исто како и Европската унија, НАТО, Велика Британија, но и многу други како Албанија и Северна Македонија. Тој го рече ова на онлајн прес-конференција како одговор на прашањето дали САД сè уште ја гледаат Приштина како партнер.

„Партнерството меѓу САД и народот на Косово не зависи од една личност или партија, но имаме проблем во комуникацијата со Куртија. Имавме многу блиско партнерство со Косово во минатото. Многу би сакале тој однос да се врати како што беше порано“, изјави Ескобар.

На прашањето за Заедницата на српските општини, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статутот на Заедницата на српските општини предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа.

„Сакам да повторам, ЗСО не би била друга Република Српска. Тоа не би било држава во држава. Во статут кој дозволува извршна власт или што било што може да создаде уставни или функционални прашања за Косово. Тоа е едноставно можност општините со српско мнозинство да го координираат обезбедувањето општински услуги на српски јазик за граѓаните на Косово. Тоа е тоа. И тоа е правно обврзувачка обврска. Значи, слушнавме многу различни причини зошто не е поднесена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму“, изјави Ескобар.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени