Утрински Весник
Свет

Ерупција во Исланд: активен вулкан по серија земјотреси

Ерупција во Исланд: активен вулкан по серија земјотреси

Вулкан на полуостровот Рејкјанес во Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, доживеа мала ерупција по недамнешните интензивни земјотреси во областа, соопшти Исландскиот Национален метеоролошки институт (ИМО).

dobivaj vesti na viber

„Во моментов се работи за многу мала ерупција – изјави Метју Робертс од ММО и додаде дека нема непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.

Сообраќајот на меѓународниот аеродром Кефлавик не е прекинат, објави Ројтерс.

Експертите на ММО ќе проценат каде точно излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.

Сликите и преносите во живо на локалниот медиум RUV покажаа лава и чад како излеваат од пукнатина на едната страна од планината Фаградалсфјал, според Ројтерс.

Експертите не очекуваат оваа ерупција да испушти многу пепел во атмосферата.

„Ова не е вулканска ерупција со пепел. Ова е едноставно лава“, рече Робертс.

Полуостровот Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик.

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа