Утрински Весник
Свет

Ердоган најави средба со Гутереш, ќе разговараат за договорот за жито

Турскиот парламент во октомври ќе одлучува за влез на Шведска во НАТО

Претседателот на Турција, Таип Ердоган, рече дека е во близок контакт со Обединетите нации за повторно активирање на договорот за жито во Црното Море и дека за тоа ќе разговара со генералниот секретар Антонио Гутереш овој месец, објавија турските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ердоган за турските медиуми рече дека последниот предлог на ОН се обидува да одговори на некои руски барања и повтори дека верува оти набргу може да се најде решение.

Руските барања вклучуваат враќање на нејзината Земјоделска банка во системот за плаќања СВИФТ и осигурување на бродовите вклучени во иницијативата за жито, рече тој, пренесуваат ТРТ и „Хабертурк“.

„На 28 август генералниот секретар на ОН, Гутереш, во писмото што го испрати предложи посреднички механизам што ќе произлезе од трансакцијата СВИФТ, а не директно СВИФТ, како што сакаа Русите“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Москва ги поставува овие две барања како задолжителни за да се врати во договорот и дека Путин му рекол дека нема да преземе чекори за тоа додека Европа не ги исполни ветувањата, пишуваат турските медиуми.

Можете да прочитате

Русија ѝ даде на Северна Кореја борбени авиони за да испрати војници во Курск

Пентагон изврши успешен тест на пресретнување на балистичка ракета во близина на Гуам

Политико со своја листа на најмоќни во Европа: На прво место Џорџа Мелони