Утрински Весник
Свет

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Erdogan.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека се чини оти Хамас е решен да го почитува примирјето во Појасот Газа, а Израел продолжува со окупацијата и нападите.

– Соочени сме со администрација која масакрира над 200 невини луѓе откако стапи во сила договорот за прекин на огнот, а исто така продолжи со своите напади и окупација во Западниот Брег. Не можеме да дозволиме анексија на Западниот Брег, промена на статусот на Ерусалим или обиди за нарушување на достоинството на џамијата Ал-Акса, истакна Ердоган во говорот на отворањето на состанокот на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка (ЦОМЦЕЦ) во Истанбул.

Тој додаде дека се надева дека одлуките донесени на Форумот ќе бидат корисни за исламските земји, но и за целиот свет. Според него од последниот состанок на COMCEC, имало историски случувања во светот, особено на Блискиот Исток.

Ердоган се осврна и на ситуацијата во Сирија, истакнувајќи дека милиони луѓе биле принудени да ја напуштат земјата, меѓу кои 3,6 милиони се примени во Турција.

– Крвопролевањето конечно заврши со револуцијата на 8 декември минатата година, кога Сирија влезе во период на закрепнување под мудрото водство на претседателот Ахмед ал Шара, наведе Ердоган.

Тој заклучи дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Сирија во областите почнувајќи од транспортот и образованието, па сè до безбедноста, трговијата и здравствената заштита, и дека поддршката на исламскиот свет е клучна за зачувување на политичкото единство и територијалниот интегритет на земјата.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот