Утрински Весник
Свет

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Ердоган: Го познавам Путин, кога нешто ќе замисли, го прави тоа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот за ослободените територии, рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека е вознемирен од тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.

„Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија“ – рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.

Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.

„Цената за преминување во нуклеарна војна е катастрофална. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно“ – рече Ердоган.

Можете да прочитате

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море

„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија