Утрински Весник
Спорт

Ентони Тејлор постави рекорд во Премиер лигата

Tejlor Sudija 960x540 1.jpg

Ентони Тејлор стана нов рекордер во Премиер лигата, откако на натпреварот меѓу Борнмут и Челзи покажа рекорден број на жолти картони.

Дури четиринаесетпати Тејлор покажуваше жолти картони, осум за играчите на гостите, а шест за домаќините. Покрај тоа, им покажа по една опомена и на двајцатат тренери Ираола и Мареска. 

Со ова Ентони Тејлор го надмина Питер Бенкс кој минатата година покажа тринаесет картони на дуелот меѓу Тотенхем и Шефилд Јунајтед.

Можете да прочитате

Македонските ракометарки изборија полуфинале на Светското училишно првенство

„Експедиција низ срцето на Илинден 2026“ обедини стотици велосипедисти и планинари

Ројевиќ: Имаме активен резултат пред реваншот со Целје