Утрински Весник
Магазин

Енинфул ја напушта функцијата главен уредник на британски „Вог“

Енинфул ја напушта функцијата главен уредник на британски „Вог“

Едвард Енинфул се повлекува од функцијата главен уредник на британскиот „Вог“ откако шест години се обидуваше да ги помести границите во култниот моден магазин.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе остане во британското издание како советник, но од следната година ќе се префрли на новосоздадена позиција, чија цел е ширење на брендот на глобално ниво.

Неговото ново портфолио како глобален креативен и културен советник на „Вог“, исто така, ќе му овозможи да презема надворешни проекти.

Во допис до персоналот, Енинфул соопшти дека ќе поднесе оставка како главен уредник и дека ќе преземе советодавна функција. Тој нагласува дека ќе продолжи да придонесува за креативниот успех на брендот на глобално ниво.

Сè уште не е објавено кој ќе го замени.

Афробританскиот креативец (51), по потекло од Гана, е првиот маж на врвот на британскиот моден магазин. Многумина го нарекуваат првак од висок профил за поголема инклузивност во модната индустрија.

Кариерата ја започна на 18-годишна возраст, а Ана Винтур го ангажираше во американскиот “Вог“ пред да биде именуван за главен уредник на британскиот во 2017 година.

Во текот на шесте години на чело на магазинот, тој се залагаше за диверзитет. Под неговата палка, „Вог“ за прв пат претстави трансродова манекенка. Тимоти Шаламе стана првиот маж на насловната страница, а Шинид Барк првата личност со видлив инвалидитет која се појавила на насловна.

На корицата на мајското издание се појавија пет лица со инвалидитет.

Ганско-британскиот креативец ќе премине во новосоздадената улога како глобален креативен советник на „Вог“ со фокус на проширување на брендот на меѓународно ниво. Енинфул, исто така, ќе има можност да продолжи со надворешни проекти заедно со советодавните должности.

Се шпекулира дека Енинфул се решил на ваков потег поради несогласувањата со главната уредничка на американски „Вог“ Ана Винтур, на која не ѝ се допаѓало тоа што Едвард сакал да иницира промени во магазинот.

Неофицијално, како што објавија британски медиуми, имало борба за моќ околу обидите да се направат радикални промени во највлијателниот светски моден магазин.

Неговите идеи не добиле зелено светло од најмоќната модна уредничка во светот, која ги држи сите конци во раце кога се во прашање Vogue и другите модни изданија на Condé Nast.

Познавачите велат дека Едвард Енинфул е единствената вистинска закана за Ана Винтур и, најверојатно ќе ја замени на челната позиција.

Авторитетот во модата започна како неделен весник пред повеќе од еден век, а денес има 28 глобални изданија. Минатата година прослави 130 години постоење.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик